Седум поени на Војдан, нова радост на Олденбург

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски имаше солиден меч во дресот на германски Олденбург, кој игра одлична сезона и е меѓу најдобрите во германската елита.

Олденбург на гостувањето кај Бремерхавен славеше со 83-88, а нашиот кошаркар на паркетот мина 17 минути, за кои успеа да реализира седум поени. Ефектот на Стојановски беше 2/2 за два, како и 1/3 за три.

Германскиот бундеслигаш дојде до петнаесеттата победа оваа сезона и на табелата се наоѓа на второто место зад Баерн Минхен.