Седум поени на Димитријевиќ, Реал Мадрид пресилен за Хувентуд

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со пораз ја почна новата сезона во шпанската Ендеса лига со Хувентуд и загуби од фаворитот Реал Мадрид (69-88).

„Кралевите“ се покажаа како голем залак за Хувентуд, а Димитријевиќ имаше солидна партија. За вкупно 16 минути на паркетот, нашиот интернационалец постигна седум поени, со уште три асистенции и два скока.

Најдобар кај Реал Мадрид беше Керол со 17 поени, а кај Хувентуд прво име беше Препелиќ со 19 поени.

Победи во првото коло на новата Ендеса лига запишаа и Барселона против Рио Натура Монбус со 86-92 (Миротиќ постигна 27 поени) и Басконија против Естудијантес со 105-82.