Седмица за паметење: Доби ќерка, па ја освои Евролигата

Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва успеа да дојде до трофејот во Евролигата, а една од најголемите ѕвезди на тимот, Нандо Де Коло, имаше две причини зошто да слави.

Бекот на „армејците“ пред да пристигне на Ф4-турнирот во Шпанија стана татко по вторпат. На 13 мај доби ќерка, а шест дена подоцна, на 19. мај, успеа да го крене вторпат евролигашкиот трофеј во кариерата.

„Ова е најдобрата седмица во мојот живот. Едноставно, неверојатни работи доживеав во само седум дена. Ние сме како семејство, понекогаш сме повеќе заедно отколку со нашите семејства. ЦСКА не е само обичен тим. Сите се среќни за успехот. Се боревме да се вративме на врвот и ете не, успеавме“, изјави Де Коло.

ЦСКА Москва во финалето славеше над Анадолу Ефес и осми пат во историјата му се радуваше на евролигашкиот престижен трофеј.