ВИДЕО: Седма победа по ред за Феникс и големи шанси за место во плеј-офот

Кошаркарите на Феникс Сaнс продолжија со одлични игри на Флорида и во претпоследниот натпревар од лигашкиот дел од натпреварувањето ја совладаа Филаделфија со 130-117. Екипата од Аризона го забележа својот седми последователен триумф од рестартот на сезоната и со скор 33-39 стигна на делба на осмата позиција на Западот, изедначувајќи се по бројот на победи со Портланд (33-39) и Мемфис (33-38). Шанси да стигне до разигрувањето има и Сан Антонио, кој има биланс 32-38.

„Сонцата“ стигнаа до двоцифрена предност против Сиксерси (95-84) за првпат во финишот од третата четвртина и со сигурна игра успеаја да се справат со притисокот и да останат единствениот непоразен тим во Орландо. Девин Букер го предводеше својот тим со 35 поени (11/24 од игра), девет скокови и седум асистенции, додаде Микел Бриџис постигна 24, Дарио Шариќ запиша 18 поени (7/9 од игра, 2/2 за три), девет скокови и четири асистенции за 24 минути, а Рики Рубио беше автор на 16 поени и 10 асистенции.

  • Извештај од натпреварот:

Кај ослабените Сиксери, кои се шести на Истокот со скор 42-29, Алекс Буркс постигна 23 поени, Раул Нето 22, Мајк Скот 17 поени, а Кајл О’Квин натпреварот го заврши со 9 поени, 10 скокови и 11 асистенции.