Сè за новата НБА сезона: Календар, нови протоколи, фаворити за титулата...

НБА

За два дена ќе започне уште една НБА сезона, која по пауза од една година ќе се одигра во добро познатиот термин.

Пандемијата со коронавирусот направи мали промени во изминатите две сезони. Коронавирусот ќе влијае и врз натпреварите во тековната сезона, но само поради тоа што ќе постојат протоколи за вакцинација, кои ќе мора да ги почитуваат сите играчи.

НБА календар 2021/22:

  • Регуларен дел: 19 октомври 2021 - 10 април 2022
  • Плеј-ин: 12-15 април 2022
  • Плеј-оф: од 16 април 2022
  • Финале: од 2 јуни 2022

Екипата на Милвоки Бакс ќе ја брани титулата и ќе биде меѓу фаворитите за титула. Тука ќе биде Бруклин Нетс од источната конференција, а на Западот нема дилеми дека Лос Анџелес Лејкерс на Леброн Џејмс ќе ја предводи конкуренцијата за нов шампионски прстен.

Јавноста очекува нова блескава сезона од Лука Дончиќ. Словенецот е најголем фаворит за МВП наградата, заедно со Кевин Дурант и Јанис Антетокумбо. „Ол-стар“ натпреварот е закажан за февруари наредната година. Спектакуларниот викенд ќе се одржи во Кливленд.

Во регуларниот дел од сезоната по 15 екипи во секоја конференција ќе се борат за плеј-оф местата. Како и лани, и оваа година ќе има плеј-ин турнир, на кој ќе има битка за седмата и осмата позиција.