Се вжештува МВП трката: Јокиќ повеќе не е прв фаворит!

Никола Јокиќ повеќе не е прв фаворит во трката за признанието кое му припаѓа на најкорисниот кошаркар во НБА лигата (МВП). 

Српскиот ас на Денвер Нагетс според обложувалниците во моментов е на второто место, а прв кандидат за титулата е Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити Тандер. „Џокерот“ ги предводеше најсериозните кандидати на последното рангирање минатата недела, но како што се наближува крајот на регуларниот дел, се чини дека Гилџес-Александер е поблизу до целта. 

Ѕвездата на Оклахома прикажа феноменални партии на минатите мечеви, ништо полош не беше ниту Јокиќ, но сепак во моментов ситуацијата оди во корист на канадскиот репрезентативец. 

Листата на најсериозни кандидати за МВП награта во НБА лигата: 

1. Шеј Гилџес-Александер
2. Никола Јокиќ
3. Јанис Адетокумбо
4. Џејсон Тејтум
5. Донован Мичел
6. Стеф Кари
7. Кејд Канингем
8. Леброн Џејмс
9. Еван Мобли
10. Џејлен Брансон

До крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата останува нешто помалку од еден месец.