• Саше Љолес
Американскиот кошаркар Кевариус Хејс повеќе не е член на Париз Баскет, соопшти францускиот евролигаш.
Хејс беше дел од шампионскиот тим кој ја освои титулата во домашното првенство, но не пронајде заеднички јазик со управата за продолжување на соработката.
„Ти благодариме за сите прекрасни партии во нашиот тим. Дојде и ни помогна да освоиме значајни трофеи. Многу среќа во натамошната кариера“, стои во краткото соопштение.
Пред да пристигне во Париз, Хејс настапуваше за Жалгирис, Асвел, Бурса и Канту. Минатата година просечно бележеше 6,5 поени и 4,5 скокови во Евролигата.
ФОТО/PHOTO: Parisbasketball.com
