ВИДЕО: Се пензионираше на 21 година за да му служи на Господ!

Младиот Еj Џеј Грифин неодамна реши да стави крај на својата кошаркарска кариера, и тоа на само 21-годишна возраст. Оваа одлука дојде како голем шок за американската јавност, но играчот конечно ја објасни ситуацијата и рече дека „морал да замине на друг пат“. 

Грифин објави видео-снимка на јутуб, каде објаснува дека престанал со кошарката за да „му служи на Господ“, велејќи дека е среќен поради одлуката и не жали што се решил на овој чекор. 

За потсетување, Грифин во 2022 година беше избран како 16. пик на драфтот и доби договор со екипата на Атланта Хоукс. Вкупно одигра 92 натпревари и забележа просечен учинок од 7,5 поени и 1,9 скокови. 

Минатата сезона не добиваше преголема минутажа, а во неколку наврати и ја напушташе екипата поради, како што вели, „приватни причини“. Беше трејдуван во Хјустон Рокетс, но и таму не успеа да се наметне во ротацијaта.