Се отвора шанса за Дубаи, Ѓорѓевиќ повеќе не е селектор на Кина

Српскиот кошаркарски тренер, Александар Ѓорѓевиќ, повеќе не е селектор на кинеската репрезентација. Информацијата ја сподели самиот Ѓорѓевиќ, кој се заблагодари за довербата и ѝ посака на Кина многу успех во иднина. 

„Им посакувам само најдобри нешта на сите тренери, на Јао Минг и на сите останати членови на кинескиот национален тим. Вашиот српски брат секогаш ќе ве поддржува. Среќно!“, напиша Ѓорѓевиќ на социјалните мрежи. 

Медиумите кај северниот сосед на големо пишуваа деновиве дека стратегот е многу близу до договор со новиот член на АБА лигата, Дубаи, но за ова сѐ уште нема никаква официјална потврда. 

Поранешниот селектор на Србија е освојувач на три сребрени медали, а во Кина работеше од есента 2022 година.