Се огласи Нанели за тепачката: Снимката не лаже, а не лажам ни јас!

Бекот на Партизан, Џејмс Нанели, се огласи на социјалните мрежи после поразот на неговиот тим од Црвена Звезда во финалната серија на АБА лигата. 

Американецот се загреваше со соиграчите, но потоа беше изоставен од тренерот Жељко Обрадовиќ, кој го казни поради инцидентот со Стефан Лазаревиќ. Нанели реши да се позабавува на својот инстаграм профил, каде објави цитат од раперот Кендрик Ламар, во кој напиша „Еуфорија“, а потоа напиша дека „има работи со кои мораме да се позабавуваме“. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Нанели сподели уште едно видео, со кое сака да потенцира дека всушност тој бил нападнат од Лазаревиќ, а не обратно, како што тврдеа голем дел од медиумите. Под објавата напиша „снимката не лаже, ниту јас лажам“, алудирајќи дека тој не бил предизвикувач на инцидентот. 

Подебелиот крај го извлече Лазаревиќ, кој заработи посекотина под левото око, а челниците на АБА лигата треба да се изнесат и да соопштат дали Нанели ќе добие некаква казна за тепачката. Црвен Звезда со „метла“ го збриша најголемиот ривал и повторно стана владетел во јадранската конкуренција.