Се огласи и Црвена Звезда, брутално му одговори на Араповиќ

Кошаркарскиот клуб Црвена Зведа се огласи со соопштение по повод наводите од поранешниот кошаркар Фрањо Араповиќ дека белградскиот тим во 2014 година го купил своето место во Евролигата од Цибона

Араповиќ ја обвини Звезда дека платила сума од 800.000 евра на хрватскиот тим за да го обезбеди своето учество во Евролигата. Поранешниот двократен европски шампион и освојувач на сребрен медал со Хрватска на Олимписките игри во 1992 година, доби брутален одговор во соопштението од Црвена Звезда

„Нашиот клуб најостро ги демантира обвинувањата изнесени од Фрањо Араповиќ кој овие невистини ги изнесе за еден хрватски медиум. Доколку за овие тврдења поседува било какви материјални докази, го повикуваме веднаш да ги изнесе и да не го злоупотребува името на Црвена Звезда за некои нивни тамошни „разврски“. Нам исто така би ни биле интересни ваквите „бајки“ искажани од човек кој одамна нема никаков кредибилитет и кој беше отстранет од националниот тим од легендарниот Душан Ивковиќ, поради изјавите за неговата “национална припадност“. 

„Наместо да шири лаги, го повикуваме Араповиќ да поразговара со претседателот на Цибона, Александар Петровиќ или со директорот Домагој Чавловиќ, особено за луксузните вили на јадранското море и за “фантомскиот ручек“ во Љубљана, кој никогаш не се случил. Навистина е занимливо дека Фрањо Араповиќ се „сети“ баш на ваков детал и успеа да изнесе нешто во кое веруваат само будали, навини, климактерични или луѓе под дејство на некакви психотропни супстанци“, стои во бруталното соопштение од КК Црвена Звезда. 

На крајот, во соопштението се вели дека ваквите обвинувања никогаш нема да влијаат врз играта на тимот и ги повикуваат сите навивачи да ѝ дадат огромна поддршка на екипата во 30. коло од Евролигата против Басконија

„Изгледа сите забораваат дека до крајот на сезоната има повеќе од три месеци, а Звезда е единствен тим кој освои трофеј годинава. Бидете со нас и придружете ни се во поддршката за тимот на следниот натпревар“, стои во соопштението на „црвено-белите“. 

Црвена Звезда е во моментов на 14. место во Евролигата, додека во АБА-друштвото има една победа помалку од најголемиот ривал, Партизан. Во следните шест дена „црвено-белите“ ќе ги одиграат натпреварите со Басконија во елитниот ранг, и со Морнар Бар во јадранското друштво.