Се огласи Евролигата: Црвена Звезда не е оштетена против Жалгирис!

Српскиот тим Црвена Звезда и нејзините навивачи беа бесни поради финишот на мечот со Жалгирис во Белград кој Литванците го добија со 91-93. Тие сметаат дека Кинан Еванс направи грешка и требаше да биде одземена топката во една од клучните акции на Жалгирис. 

<<< - ПОВРЗАНО - Судиите на удар: Не досудија во корист на Ц. Звезда, па кон теренот полетаа предмети (ВИДЕО)

Спорниот момент доби образложение од страна на челниците на Евролигата, во кое е наведено дека нема доказ за газење на линијата од страна на Еванс.

„На 21,2 секунди до крајот, Кинан Еванс прими топка и му додаде на Димшј, кој беше фаулиран. Судиите утврдија дека Еванс не го мина центарот за време на својот посед, па не е досудено кршење на ова правило. Оделението за судење на Евролигата од повеќе камери и агли ја прегледа ситуацијата и не пронајде јасни и конечни визуелни докази дека Еванс ја згазна линијата, па утврдија дека судиите постапија коректно“, стои во образложението.

Со овој пораз Црвена Звезда остана без шанси да се бори за местата во плеј-ин фазата.