• Саше Љолес
Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ најверојатно останува во НБА лигата, и покрај интересот на повеќе евролигаши, меѓу кои беше и белградски Партизан.
Иако таборот на „црно-белите“ сакаше да го доведе капитенот на националниот тим, сепак, голема е веројатноста Богдановиќ да остане во Лос Анџелес Клиперс, каде изминатата сезона не добиваше преголема минутажа и просечно постигнуваше 7,4 поени по натпревар.
На потег е управата на Клиперс, која мора да донесе одлука за Богдановиќ најдоцна до 29 јуни. Доколку не му биде продолжена соработката, ќе има право веднаш да преговара со други клубови, затоа што автоматски ќе стане слободен агент.
