Се очекуваше промоцијата на Ѓорѓевиќ во Болоња, но наместо тоа во – Истанбул! 

Се очекуваше промоцијата во Болоња, но наместо тоа закажана е во Истанбул. Александар Ѓорѓевиќ и официјално е нов тренер на Бахчешехир.

„Добредојде во Бахчешехир Колеџ, Александре Ѓорѓевиќ“, напиша клубот од Истанбул на своите официјални канали.

На денот кога беше потврдено дека Марко Бараќ ја напуштил клупата на младиот клуб, беше објавено и дека нов тренер станува неговиот постар сограѓанин.

„Нашиот клуб постигна договор со искусниот тренер Александар Ѓорѓевиќ, кој во текот на кариерата ги водеше екипите како Баерн Минхен, Фенербахче, Олимпија Милано, Панатинаикос и Виртус Болоња“, се наведува во пораката.

Александар Ѓорѓевиќ се враќа во Истанбул, град во кој веќе остави длабока трага. Токму со Фенербахче, во периодот на доминација на Анадолу Ефес, стигна до титулата шампион на Турција, што воедно беше и негов последен клупски ангажман.