Се налути и Вучиќ: Следен пат однапред кажете ни дека не смееме да победиме!

Натпреварот меѓу Србија и САД предизвика голема бура кај северниот сосед поради неколку судиски одлуки за кои Србите тврдат дека им помогнале на Американците да дојдат до пресврт-победа и место во финалето на ЛОИ во Франција.

Еден од оние кои реагира јавно е и претседателот на државата Александар Вучиќ. Човекот кој ја води земјата објави видео на својот канал на мрежата „Х“ каде посочи дека Жоел Ембид прави чекори, ама арбитрите не го санкционираат тоа.

„Во која земја ова не се чекори? П.С: Следен пат однапред кажете ни дека не смееме да победиме“, напиша Вучиќ и го објави следното видео:

Србија поради поразот од САД ќе игра за третото место на ЛОИ против Германија, додека Американците во големото финале се среќаваат со Франција.