ВИДЕО: Се најде и тој јунак – со еден потег му ја „скрши кичмата“ на Дончиќ!

Лука Дончиќ, словенечкото „чудо од дете“ кое настапува за Далас Маверикс, се најде на насловните страници во САД, но овој пат, поради финта поради која остана насамарен.

Далас во натпреварот со Хјустон Рокетс доживеа пораз, а Пи-Џеј Такер изведе фантастичен потег, со кој му ја „скрши кичмата“ на Дончиќ. Со еден „лажњак“, Такер го седна словенечкиот кошаркар на земја, но целото шоу кое доби овации од публиката го расипа лошото додавање.

Погледнете како Такер го примора Дончиќ да игра „твистер“:

Такер го заврши натпреварот против Далас Маверикс со само три постигнати поени.