Савичевиќ: Струмица е млад тим, не смееме да го потцениме

Кошаркарите на Пелистер со позитивна атмосфера и висока самодоверба го очекуваат натпреварот против Струмица, откако успешно ја започнаа новата сезона со победа на премиерниот дуел.

Лука Савичевиќ, кошаркар на битолскиот тим, истакна дека екипата тренира напорно и максимално фокусирано пред следниот предизвик, нагласувајќи дека противникот заслужува целосен респект.

„Атмосферата во тимот е на високо ниво по победата на првиот натпревар од сезоната. Работиме напорно и максимално фокусирано за нашиот следен натпревар против Струмица. Се работи за нов млад тим во Суперлигата, но никако не смееме да ги потцениме“, изјави Савичевиќ.

Пелистер ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и со нов триумф да го потврди добриот почеток на сезоната. Натпреварот против Струмица се игра во недела од 17:00 часот.