Саша Везенков од Олимпијакос е МВП на третото коло во Евролигата

Ѕвездата на Олимпијакос, Александар Саша Везенков, е официјално избран за најкорисен играч на третото коло во кошаркарската Евролига

Во победата на својот тим против Дубаи во салата „Мир и пријателство“, бугарскиот кошаркар забележа 25 поени, 11 скокови и една асистенција, што беше доволно за индекс на корисност од 34. 

Крилниот центар на Олимпијакос одигра уште една одлична партија и промаши само двапати од осум обиди од поле, а притоа погоди три тројки.

Очигледно е дека Везенков оваа сезона повторно ќе биде предводник на тимот на Јоргос Барцокас. По три одиграни кола, Олимпијакос има учинок од две победи и еден пораз. 

ФОТО/PHOTO: Olympiacos BC/Facebook