• Саше Љолес
Александар Саша Везенков е официјално прогласен за најкорисен играч (МВП) на плеј-офот во Евролигата, објави сајтот на елитното континентално натпреварување.
Ѕвездата на Олимпијакос го предводеше својот тим до пласман на завршниот турнир, а во четвртфиналната фаза грчкиот гигант го елиминираше најтрофејниот Реал Мадрид.
Везенков беше постојана движечка сила на екипата, просечно бележеше 19 поени, 6,5 скока и три асистенции по натпревар, а исто така имаше и 1,3 украдени топки. Шутираше со импресивни 60,6% од поле, а севкупната ефикасност му беше навистина импресивна, остварувајќи просечен индекс на корисност од 22,8.
Беше неверојатен во офанзивна смисла и сосема заслуежено го добива ова престижно признание. Ова е прва МВП награда за плеј-оф фазата во Евролигата. Везенков ја игра својта шеста сезона за Олимпијакос, а во сезоната 2022/23 беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната.