Саша Обрадовиќ се врати во Белград и ја презема Црвена Звезда

Управата на белградска Црвена Звезда бргу ја пронајде замената за оптуштениот Јанис Сферопулос, кој замина од клубот после очајниот старт на сезоната. 

На неговото место експресно пристигна клупската легенда и поранешен тренер на тимот, Саша Обрадовиќ, кој седеше на клупта на „црвено-белите“ во 2020 година. Тогашната етапа не мина премногу славно за стратегот кој беше отпуштен после само шест месеци, но сега се очекува неговиот учинок да биде сосема поинаков и далеку поуспешен. 

Претходниот ангажман му беше во францускиот Монако, со кој првпат се пласираше во плеј-офот на Евролигата, а во сезонта 2022/23 стигна и до завршниот турнир во елитата. 

Обрадовиќ важи и за играчка легенда на Црвена Звезда, клуб во кој ја започна својата кариера и каде настапуваше цели осум сезони.