Саркастичниот Атаман „ѝ честиташе“ на Евролигата после победата во Мадрид

Ергин Атаман е секогаш во центарот на вниманието, па така е и овој пат по победата на неговиот тим во Мадрид над слваниот Реал. Панатинаикос славеше неочекувано лесна победа кај „кралевите“ (77-87), а еден од клучните играчи беше новодојдениот Кенет Фарид, кој забележа 16 поени и осум скокови. 

По натпреварот, Атаман упати пофалби за новото засилување, а потоа со саркастичен тон го критикуваше напорниот распоред во Евролигата. 

„Дали ми се допаѓа овој систем? Па, видете, немавме тренинг пред натпреварот. Честитки. Не трениравме пред натпреварот. Како што рековме сакав и очекував, вечерва игравме регуларна кошарка и ги покажавме нашите способности.

Сите се бореа за тимот, игравме паметно и без големи грешки. Секако, Фарид е „лекот“ за нас во оваа ситуација. Го затвораме двонеделниот циклус со две победи“, рече турскиот стратег. 

ПАО сега има скор од 7-4 и со овие две победи во низа полека се искачува на табелата во Евролигашкото друштво. 

ФОТО/PHOTO: Panathinaikos BC/Facebook