ВИДЕО: Сарагоза без финале и покрај одличниот Џејкоб Вајли

Џејкоб Вајли одигра одличен натпревар, но Касадемонт Сарагоса немаше доволно сили и енергија да го реалкзира во целост комплетниот камбек во дуелот со Пинар Каршијака.

Вајли и соиграчите се вратија од голем резултатски минус во кој влегоа уште во првата четвртина од полуфиналето од ФИБА Лигата на Шампионите,  против тимот од Измир (17-29). Одиграа одлично по големиот одмор. Се вратија со (27-14) во третата четвртина. Поведоа со 60-57, но не издржаа.

Турскиот тим имаше подобар финиш во кој стигна до победа од 84-79 и историско финале.

А македонскиот репрезентативец беше и најкорисен играч во составот на Касадемонт Сарагоса. Како стартер, одигра 32 минути. Собра 24 индексни поени до кои дојде со 21  реализиран поен (9/13 од поле и 3/3 од линијата за слободни фрлања), имаше и четири скока, две загубени и една освоена топка за тоа време поминато во полуфиналето во Арената во Нижњи Новгород.