Сан Антонио ќе ја повлече деветката на Тони Паркер

Култниот НБА-клуб Сан Антонио Спарс на 11 декември оваа година на натпреварот против Мемфис Гризлис ќе го повлече дресот со бројот девет на францускиот ас Тони Паркер.

Плејмејкерот ова лето ја заврши својата кариера и во декември ќе влезе во одбраното друштво од само десет играчи на Сан Антонио чиј дрес ќе се повлече.

Тим Данкан, Ману Џинобили, Брус Бовен и Дејвид Робинсон веќе ја добија таа чест. Паркер во Сан Антонио пристигна во 2001 година, мина 17 години во оваа екипа, освои четири титули шампион и беше избран за најкорисен кошаркар (МВП) во 2007 година.

Со француската репрезентација освои четири медали на европските првенства, меѓу кои и златото во Евробаскетот во Словенија во 2013 година.