ВИДЕО: Сан Антонио ја надигра Јута и не се откажува од плеј-оф во НБА

Сан Антонио Спарс ја продолжи борбата за плејоф во НБА-лигата и славеше над Јута (119-111) која веќе е пласирана во разигрувањето.

Тимот од Тексас водеше за време на целата средба во Орландо и заслужено освои полн плен. Избраниците на Грег Поповиќ го направија своето со позитивата од 22-8 и диктираа темпо на игра до самиот финиш.

Со оваа победа „спарси“ останаа во игра за осмата позиција. Најефикасен беше Вајт со 24 поени, а Поелтл додаде 19 со уште 10 скока, додека кај Јута најмногу се истакна Кларксон со 24 поени, а Бредли запиша 15 поени и 11 скока.

  • Извештај од натпреварот: 

Следниот меч за Сан Антонио е против Њу Орлеанс Пеликанс.