Самарџиски во кам-бек дебито за Мега Лекс се пласира во полуфинале од Купот на Србија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски по скоро 9 месеци пауза повторно заигра на еден официјален меч, откако во четвртфиналето на Купот на Србија се појави во редовите на својот старо-нов тим Мега Лекс, кој славеше убедливо над Динамик со 84-57.

Самарџиски на своето кам-бек деби одигра 14 минути, за кои што запиша ефект од 5 поени (2/4 за два поени и 1/4 од линијата за слободни фрлања), а придодаде и 5 скока.

Составот на Мега Лeкс, кој е бранител на титулата во Купот од минатата година, за пласман во финалето силите во утрешното полуфинале ќе ги одмери со тимот на Партизан.