Само еден Американец во кошаркарскиот „дрим-тим“ на ЛОИ во Токио

„Дрим тимот“ на Соединетите Американски Држави освои ново злато на Олимписките игри, откако иако започна лошо и со пораз од Франција, токму против „триколорите“ покажа квалитет во финалето и ја одбрани титулата од пред пет години во Рио.

Предводник на Американците беше големата ѕвезда Кевин Дурант, кој беше вистински лидер на својот тим, а неговите одлични партии во Токио му донесоа и место во идеалниот тим на кошаркарскиот турнир на овие Игри.

Покрај ѕвездата на Бруклин Нетс, место во „дрим-тимот“ имаше и за по уште еден ас на Австралија, Шпанија, Словенија и Франција. Лука Дончиќ имаше неколку неверојатни партии и заслужено е избран меѓу најдобрите, каде се најдоа уште Гоберт, Рубио и Милс.

Во големото финале Американците со 87-82 ја совладаа Франција, додека борбата за бронзата ѝ припадна на Австралија, со триумфот над Словенија од 93-107.