ВИДЕО: Само Барса и Реал со подобра регуларна сезона од Валенсија на Димитријевиќ

Ненад Димитријевиќ и Валенсија ќе тргнат од третата позиција во доигрувaњето за шампионската титула во шпанската елитна Ендеса лига. Во последното коло од регуларниот дел, „портокаловите“ славеа исклучително важна победа на гостински терен против Обрадоиро (89-85).

Оваа победа им донесе краен скор од 23 победи и 11 порази и извонредно трето место на табелата. Само великаните Барселона (27-7) и Реал Мадрид (25-9) имаат подобр учинок од Валенсија.

Како третопласирана екипа на табелата, во четвртфиналето на плеј-офот, Валенсија ќе игра против шестопласираната Басконија.

На последниот натпревар од првата фаза, Ненад Димитријевиќ одигра нецели 15.минути. Реализираше осум поени (0/1 за три и 4/8 за два поени), кои ги дополни со четири асистенции и еден скок.