• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркарски интернационалец Предраг Самарџиски доби минутажа во неговиот тим Мега Бемакс, но српскиот колектив во АБА-лигата неочекувано загуби од Задар (71-73).
Мега важеше за голем фаворит на хартија, но бркаше негатива цел натпревар. Иако во последниот период се врати од негатива од десет поени, сепак, на крајот немаше сили за победа. Задар во финишот имаше предност од три поени (69-72), а напад за изедначување на девет секунди пред крајот промаши Синовец, по што епилогот веќе беше јасен.
Самарџиски на паркетот мина десет минути за кои постигна пет поени и додаде два дефанзивни скока. Кај Мега најефикасен беше Фундиќ со 17 поени, а го следеше Ребиќ со 16 поени, додека во победничкиот табор, прво име беше Џошуа Бостик со 27 поени.