Самарџиски доминираше, Мега Бемакс ја совлада Ц. Звезда

Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски имаше одличен ден во Србија и со својот тим Мега Бемакс славеше изненадувачка победа против актуелниот првак Црвена Звезда (76-74).

„Црвено-белите“ од Белград добија уште една шлаканица во првенството и изненадуваат со нивните игри. Самарџиски доминираше на паркетот и беше втор играч на домашните, со 14 постигнати поени, 5 скока и 1 асистенција.

Прво име кај Мега Бемакс беше Стефан Фундиќ со 19 поени, додека кај Црвена Звезда, Џејмс Фелдин даде 29 поени, но не можеше сам против мотивираниот противник. Црвена Звезда со скор 5-2 по седум кола е втора во групата „А“ зад Борац, додека Мега е трета со скор 4-3.