Самарџиски доби „зелено светло“, дебитира за Мега Лекс

Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски ќе го има својот прв настап во Мега Лекс, тим во кој се врати пред извесен период.

Корпулентниот центар ќе ја добие шансата во Купот на Србија, против екипата на Динамик. Од клубот велат дека се е подготвено за деби на Самраџиски, кој ќе има задача да го чува најдобриот кошаркар на противникот и воедно најкорисен играч во лигата, Кимани Френд.

Мечот меѓу Мега Лекс и Динамик се игра попладнево од 17.00 часот.