Самарџиев сменет, Пепиќ ќе го води Работнички во третиот дуел со ТФТ Скопје

Работнички е пред најсериозниот предизвик во сезоната, посебно ако се знае дека во меѓувреме, помеѓу двата плеј-оф натпревари со ТФТ Скопје, дојде и до промена на првата тренерска позиција.

Горан Самарџиев повеќе не е шеф на струката на „црвено-белите“. Во улога на привремен на овој нареден меч ќе биде Нермин Пепиќ, кој е дел од младинскиот сегмент на Работнички, и оттука е прашањето што ќе донесе оваа промена во можеби решавачкиот натпревар, за сеуште најтрофејниот клуб во нашата земја.

Од друга страна, ТФТ покажа дека е подготвен да оди до самиот. Не потклекнаа избраниците на тренерот Боро Смилковски дури и кога беа во двоцифрено заостанување пред своите навивачи во СРЦ „Кале“. Направија голем пресврт, и играчки и резултатски, беа наградени со вториот триумф кој го донесе на само еден чекор кон реализација на една од поставените цели – да се игра во финалето на плеј-офот.