• Иван Димовски
Кошаркарите на најтрофејниот македонски клуб Работнички во четвртфиналето на Купот на Македонија ќе се судрат со градскиот ривал ТФТ Mozzart. Во една од двете скопски пресметки тимот од Градскиот парк важи за фаворит, меѓутоа јасно е дека нема да биде лесно.
На официјалната прес-конференција пред натпреварот со клубот од Тафталиџе, своите очекувата ги изнесе Горан Самарџиев.
„Голема чест и задоволство е да се биде дел од овој настан, се надевам дека ќе биде во најдобар ред. Како играч имам многу куп-трофеи, но сега сум во поинаква улога. Работнички секогаш атакува на трофеи, поголем акцент ставаме на титулата, но кога сме тука секако дека ќе сториме се за да го кренеме и куп-пехарот“, прокоментира тренерот на центарци.
Натпреварот меѓу Работнички и ТФТ Mozzart е закажан в четврток во третиот термин од 17:00 часот.