Самарџиев: Работнички е фаворит, но Еуро Никел нема да се предаде

Екипите на Работнички и Еуро Никел вечерва ќе го одиграат дербито на колото во Првата кошаркарска лига на Македонија

По 14 одиграни кола двете екипи имаат идентичен ефект од 10 победи и четири порази, па така се очекува вечерва во „Градски Парк“ да одиграа супервозбудлив натпревар. Горан Самарџиев им ја препушти фаворитстата улуга на центарци, но вели дека Еуро Никел на паркет нема да излезе со бело знаме, туку ќе се бори до самиот крај.

„Дерби натпревар во кој Работнички е фаворит. Пред сè поради домашниот терен. Секако плус за нив се новите играчи и враќањето на Николовски“,  вели Горан Самарџиев, кој става и едно големо, но пред да ја продолжи изјавата во пресрет на овој меч.

„Но, ние не одиме со бело знаме во „Градски парк“. И ние имаме свои адути кои ќе гледаме да ги искористиме. Тоа е моја сала, и знам што треба да им кажам на моите играчи. Што да очекуваат, и што ги очекува таму. Јас очекувам полна сала и убава кошарка од двете екипо, па нека победи подобрата“, дополнува тренерот на кавадаречкиот прволигаш.

Победникот од ова дерби ќе му се приклучи на Гостивар, кој прв стигна до бројката од 11 победи во првенството кое, поради настапите на нашиот сениорски национален тим во квалификациите за ЕП 2021, ќе паузира се до 27 февруари.