• Мартин Танасковски

Работнички по домашната обврска се насочува повторно кон АБА2-лигата. Следен противник на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб ќе биде Војводина. Мечот го најави тренерот Горан Самарџиев, кој му ја предаде фаворитската улога на противникот.
„Играме против еден од најголемите фаворити за влез во АБА лигата. Ќе мораме максимално да го испочитуваме договореното ако сакаме да имаме шанси против Војводина. И покрај проблемите сто ги имаме ќе гледаме максимално да одиграме на овој натпревар и да уживаме во него“,изјави Самарџиев.
Натпреварот меѓу Војводина и Работнички се игра во вторник со почеток од 18:00 часот во „Спенс Центарот“ во Нови Сад.