• Зоран Мишевски
Машката селекција на Македонија за играчи до 20 години со пораз го започна своето неколкудневно гостување во Романија. На средбата одиграна во Тарговиште, младинскиот тим на Романија беше подобар од македонскиот, стигна до сигурна победа од 79-61.
Домашната селекција имаше почетно водство од 18-10 во првиот период, но во наредните два македонските надежи не дозволија таа разлика да биде поголема. На полувремето заостанувавме со 35-28, а слично беше и по три одиграни четвртини, водство на Романците со 54-46. Потоа следува најефикасната четвртина на домашната селекција, која ја предводи нашиот тренер, Тане Спасев, за убедлив триумф на првата проверка.
Стојковиќ, со 20 поени беше најдобриот поединец во нашата младинска репрезентација. Вториот контролен натпревар е закажан на истото место, утре попладне од 18:00 часот по локално време.