• Зоран Мишевски

По завршувањето на кошаркарската сезона, во која МЗТ Скопје Аеродром ја освои титулата, голем број клубови започнаа со планирање на следната сезона. Како големо изненадување стигна веста од Кавадарци, каде што се одлучија за коренити промени во проектот.
Имено, Горан Самарџиев не доби нов договор и ќе го напушти својот матичн клуб.
„Горан Самарџиев остави длабока трага во клубот и за кого се врзани некои од најголемите успеси во постоењето на Еуро Никел 2005. Го цениме тоа што го направи за нашиот клуб и му посакуваме многу среќа и успех во иднина, како на приватен, така и на професионален план“, стои во соопштението од кавадаречкиот клуб.
Самарџиев го водеше Еуро Никел 2005 четири сезони, а претходно три години беше асистент на Љупчо Малинков. Најголем успех му е вицешампионската титула пред три сезони.