Самарџиев: Босна беше физички многу посилена, ме радува прогресот на Шошкиќ

Екипата на Работнички вчера претрпе тежок пораз вечерва на домашен терен од Босна со 99-74. Во текот на сите четириесет минути македонскиот претставник го ловеше водството на противникот и не успеа да го стигне.

Тренерот Горан Самарџиев спортски го призна поразот од поквалитетниот противник.

„Игравме колку ни дозволуваат нашите можности. За противник имавме екипа физички многу посилна од нас и не можевме да одговориме на нивната агресивна игра. Во првото полувреме имаа 8/10 шут за три поена. Не е изговор, но со таков процент не можеш да не отидеш во негатива. Овие натпревари се такви и ако не ги искористиш шансите што ќе ти се пружат не можеш да се надеваш на подобар резултат. Наше е да растеме во секој натпревар, да извлечеме добри поуки“, вели кавадарчанецот.

Самарџиев го апострофираше добриот настап на младиот Шошкиќ.

„Среќен сум што конечно еден млад македонски играч, Андреј Шошкиќ добива шанса во квалитетна лига и тоа го оправдува на најдобар можен начин. Ќе гледам тој да стане еден сериозен играч за нашиот тим и акцентот ќе ни биде, особено во АБА2 натпреварите, да добива уште поголема минутажа што ја заслужува. Ќе се обидеме да се консолидираме и да се подготвиме што подобро за  дуелите во домашното првенство", заврши тренерот на Работнички. 

Скопскиот тим сега е последен во Б групата со три порази на исто толку натпревари.