Сакраменто сериозно „загриза“, Везенков пред трансфер во НБА

Најкорисниот играч во изминатата сезона на Евролигата, Саша Везенков, следната сезона нема да игра во најсилното европско натпреварување. 

Везенков е пред трансфер во НБА лигата, поточно во Сакраменто Кингс. Оваа екипа веќе некое време го следи кошаркарот од Бугарија, проблем беше откупната клаузула од 1.5 милиони евра, меѓутоа сега изгледа е сè решено. 

Според грчките медиуми Сакраменто е подготвен да ја плати калзулата, а потоа и да му понуди на Везенков двегодишен договор со плата од 4.5 милиони евра по сезона. Асот на Олимпијакос блесна сезонава во Еврлигата, меѓутоа сега е пред исполнување на сонот...