Сакети направи две измени: Против Македонија без Дела Вале и Теситори

Кошаркарската репрезентација на Македонија по слободниот ден, утре повторно им се враќа на обврските во квалификациите за следното Европско првенство, а наш старо-нов противник ќе биде селекцијата на Италија. 

Пред три дена одигравме одличен натпревар против лидерот на табелата во нашата група, а за утрешниот меч италијанскиот селектор Мео Сакети одново направи две промени во играчкиот ростер и ќе ги одмори Амедео Дела Вале и Амедео Теситори.

Нивното место ќе го пополнат Симоне Заноти и Микеле Витали. Теситори беше најдобриот играч на Италија во првиот меч со селекцијата на Македонија. Реализираше 18 поени, 6 скока и 3 асистенции и се заедно за 21 индексен поен, додека Дела Вале запиша осум поени, и по еден скок и асистенција во триумфот од (92-84).

Дуелот против Италија, на кого мораме да победиме се игра утре со почеток од 13:00 часот.