Сакети: Комплименти за Македонија, не успеавме да го затвориме Димитријевиќ

Репрезентацијата на Италија испушти позитива од 16 поени предност, па загуби од Македонија по катастрофално второ полувреме. „Азурите“ се опуштија на лидерското место, па запишаа два порази од Македонија и Естонија. 

Селекторот Мео Сакети по мечот на прес-конференцијата зборуваше за Македонија, ја пофали играта во дефанзивата, а не ги штедеше ниту комплиментите за Ненад Димтријевиќ. 

„Комплименти за Македонија, одиграа одличен натпревар во второто полувреме. Физички цврста одбрана, немавме многу отворени шутеви, а промашивме и чисти ситуации. Ние бевме чекор назад речиси акција, во второто полувреме не надиграа со дефанзивата

Не успеавме да го стопираме Димитријевиќ. Тој е одличен играч и прелесно доаѓаше до зицер позиција да заврши, бидејќи ние не се одбранивме добро еден на еден“, изјави Сакети. 

Италија ги заврши натпреварите во Перм и ќе си замине од Русија, додека од групата останува да се одигра уште одлучувачкиот натпревар утре меѓу Македонија и Естонија, кој ќе го одреди последниот патник на Евробаскетот.