Сакети ги одбра 16-те „аѕури“ за „балонот“ во Талин

Иако малку подоцна од најавеното, пред сè поради неповолната здравствена ситуација во Италија, но и другите делови од Европа која ја донесе пандемијата на коронавирусот, предводникот на селекцијата на Италија, Мео Сакети, излезе со официјалниот список на играчи на кои ќе смета за мини подготовките и настап на претстојниот ноемвриски „прозорец“ на ФИБА.

За турнирот од 28 до 30 ноември, во Талин, италијанскиот селектор се определи за 16. имиња. Во најголем дел ана оние на кои сметаше и за првите два натпревари во оној квалификациски циклус за место на Евробаскетот 2022 година кој ќе се одржи во четири различни земји.

Една од нив е Италија која поради тоа е „вон конкуренција“ од натпреварите од Б квалификациската група во која е и репрезентацијата на Македонија. Својот прв собир, популарните „аѕури“ ќе го имаат на 23 ноември во Рим. Два дена подоцна патуваат за Талин, каде на 28 ноември, од 15:00 часот, е дуелот со нашата селекција, а два дена подоцна и оној против Русија.

На пат за Естонија, на 25 ноември, Сакети ќе поведе само 12 кошаркари                                       

Изборот на селекторот на Италија, Мео Сакети за турнирот во Талин
Амедео Дела Вале (1993год, 196 см, бек, Будуќност – Црна Гора)
Марко Спису (1995год, 184, бек, Сассари)
Паоло Банчеро (2002гос, 206см, крило, О'Деа Хај Скул-САД)
Леонардо Канди (1997год, 190см, бек, Реџо Емилија)
Давиде Морети (1998год, 190см, бек, Армани Милано)
Томасо Балдасо (1998год, 191см, бек, Виртус Рома)
Амедео Теситори (1994год, 208см, центар, Виртус Болоња)
Џампаоло Ричи (1991год, 202см, крило, Виртус Болоња)
Рафаел Гаспардо (1993год, 207см, центар, Бриндиси)
Џордано Бортолани (2000год, 193см, бек, Бреша)
Микеле Рузиер (1993год, 183см, бек, Варезе)
Микеле Витали (1991год, 196см, бек, Бросе Бамберг - Германија)
Андреа Пекиа (1997год, 197см, бек/крило, Канту)
Давиде Алвити (1996год, 200см, крило, Трст)
Никола Акеле (1995год, 203см, крило, Тревизо)
Алесандро Пајола (1999год, 194см, бек, Виртус Болоња)