• Саше Љолес
Екипата на Партизан го совлада тимот на Мега Баскет со убедливи 83-59 во натпреварот кој официјално беше дел од второто коло на АБА лигата.
Натпреварувањето доцнеше со почетокот поради несогласувањата меѓу челниците и судиите, кои бараа поголеми примања и хонорари за патување, но сепак, најдоа решение со кое стартуваше новата јадранска авантура.
Првото коло е официјално одложено, а Партизан во премиерниот меч пред домашните навивачи прикажа сила и моќ, не дозволувајќи никакво изненадување. „Црно-белите“ ги добија сите четвртини во своја полза и сосема заслужено ги впишаа првите бодови.
Најдобар поединец кај Партизан беше Итан Томпсон со 21 поен, а на спротивната страна четиринаесет поени имаше Андреј Лучиќ.
Дубаи ја совлада Илирија (85-70), ФМП беше подобар од Црвена Звезда со 90-89, а КК Босна славеше на гостувањето кај Спартак Суботица (95-79).
Сите резултати од првите натпревари можете да ги погледнете на овој линк.

