Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер со 104-102 ги победија Бостон Селтикси во НБА лигата. Шампионот во драматична завршница стигна до седмото славје во низа во најсилното првенство на планетата. Сепак, овој натпревар го одбележа Шеј Гулџус Александер. Ланскиот МВП го заврши мечот со 35 поени, а тоа за него беше 127. натпревар во низа на кој уфрли минимално 20 поени.