САД со Ембид во тимот тргнуваат по златниот медал на ЛОИ во Париз

Минатогодишниот МВП на НБА лигата, Џоел Ембид, за американските медиуми даде изјава со ги израдува сите навивачи во државата и најави дека на претстојните Олимписки игри дефинитивно ќе биде дел од „дрим-тимот“. 

Ембид имаше опција да игра за Камерун и Франција, но се одлучи да биде дел од американскиот тим и изјави дека е пресреќен што ќе настапи на Олимписките игри во Париз. 

„Донесов одлука да играм за Соединетите Американски Држави и повеќе не ме интересира ниту една друга репрезентација. Овде има прекрасни момчиња кои се зрели за највисоки дострели. Ќе настапувам како натурализиран кошаркар и се надевам дека ќе придонесам за голем успех. 

Имавме неколку опции во игра, но во Соединетите Американски Држави созреав како играч и во оваа земја добив многу повеќе отколку што можев да замислам. Сакам да им се оддолжам на навивачите и одиме во Париз по златниот медал“, изјави Ембид. 

Американците очигледно ќе имаат можност да добијат екстра-засилување за кошаркарскиот турнир во Париз, каде сигурно бидат фаворити за златниот медал. Џоел Ембид е еден од најдобрите центри во светот и сигурно ќе биде одлично пополнување за американскиот ростер.