ВИДЕО: САД со 16 разлика ја реши Австралија на спектаклот во Мелбурн!

Кошаркарската репрезентација на САД полека ги завршува подготовките за претстојниот Мундобаскет во Кина, каде ќе ја брани титулата освоена пред четири години.

Еден од најголемите фаворити за златниот медал, иако без речиси ниту една голема ѕвезда во својот ростер, состави квалитетен тим кој денес ја забележа една од најубедливите победи во подготвителмниот период.

Моќта на избраниците на Грег Поповиќ ја почувствуваа и кошаркарите на Австралија, откако на спектаклот во Мелбурн (51.000 гледачи) беа поразени со високи 102-86. „Кенгурите“ сили за надигруваше имаа само во првите 20 минути, но потоа САД го подигна нивото на игра во двата правци и забележа рутинска победа од 16 поени разлика.

  • Извештај од натпреварот: 

Со 24 поени Кемба Вокер беше најпрецизен во таборот на САД, Мајлс Тарнер реализира 15 поени и 14 скокови, Мичел броеше 13, а Кузма беше автор на 12 поени. Први стрелци кај Австралија беа Гоулдинг и Милс со по 19 поени.