САД остана без уште една ѕвезда, НБА првак од минатата сезона се повлече од СП

Кајл Лаури

Нема крај на лошите вести за американскиот кошаркарски колектив кој ќе го брани златото на Светското првенство во Кина.

На низата откажувања на големи имиња и ѕвезди, вчера се надоврза уште еден кошаркар. Се работи за НБА првакот со Торонто од минатата сезона, Кајл Лаури.

„Се надевав дека ќе добијам зелено светло за да можам да настапам на турнирот, но тоа не се случи. Сакав да и помогнам на мојата земја да освои уште едно злато.

Сакам да играм за САД, но овој турнир ќе го гледам од дома и ќе давам поддршка од мојот дом. Знам дека момците ќе одиграат на посакуваното ниво и ќе освојат уште еден златен медал. Напред САД“, соопшти 33-годишникот од Филаделфија.

Американците ќе го започнат првенството во групата Е каде ќе играат со Јапонија, Турција и Чешка.