• Иван Димовски
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го добија дуелот со Јужен Судан со 103-86 и се чекираа во четвртфиналето на Олимписките игри. Американскиот „дрим-тим“ беше пресилен за ривалот и со втората победа дојде до својата цел во групната фаза, а близу е и до потврда на првото место.
Уште од стартот Американците отворија добро, поведоа на стартот, а иако Суданците парираа до 10-10, тогаш следеше одлепување. Фаворитот изгради предност која достигна и двоцифрена маргина пред крајот на четвртината. Веќе во втората беше пробиена и границата од +20, а Јужен Судан беше без решение и на одмор се замина со 55-36.
На стартот на вториот дел кога американската машинерија беше полабава ривалот успеа да пријде најблизу на десет разлика, меѓутоа предноста одново порасна во продолжението. Последната четвртина беше практично рутина за американскиот тим кој дојде до убедлив триумф.
Најефикасен играч беше Омот од Јужен Судан со 24 поени, додека кај Американците се истакна Бем Адебајо со 18 поени.