САД и Србија ќе биде кошаркарски спектакл, еве кога играат!

Организаторите на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз ги одредија термините на натпреварите од полуфиналето на кошаркарскиот турнир.

Секако, сите очи ќе бидат вперени кон кошаркарскиот спектакл меѓу САД и Србија, кој ќе биде реприза од мечот во групната фаза во кој Американците славеа убедливо.

Се очекува подобра Србија во оваа нокаут-фаза, а двете репрезентации кои се прв и втор фаворит за медал ќе се сретнат во четврток од 21:00 часот.

Во истиот ден, Франција ќе игра против Германија, а терминот на мечот е 17:30 часот.

Финалето и мечот за третото место ќе се играат на 10 август, сабота. Дуелот за бронзата е од 11:00 часот, додека за златото е од 21:30 часот.