Не изгледаат така страшно: САД го одбра „дрим-тимот“, отпадна Кајл Кузма!

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави (САД) предводена од Грег Попович го финализира списокот на играчи кои ќе патуваат на Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Кина.

На списокот има 12 кошаркари, а меѓу нив не е Кајл Кузма од Лос Анџелес Лејкерс, кој се здоби со повреда и со кого „дрим-тимот“ нема да ризикува. Тој отпадна во целост и нема да биде во комбинација за СП.

  • ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ЗА СП:

Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлин Браун (Бостон), Џо Харис (Бруклин), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Митчел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсом Тејтум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон), Дерик Вајт (Сан Антонио)

„Дрим-тимот“ кој важи за фаворит за златото е веќе во Кина каде се подготвува за Мундијалот. До стартот, ќе се одигра уште еден пријателски натпревар, против селекцијата на Канада.