САД - Франција е највозбудлив четвртфинален пар на Мундобаскетот

Пет европски, две американски селекции и Австралија се квалификуваа за нокаут фазата на Светското првенство во кошарка во Кина. Шпанија, Австралија и САД се единствени селекции кои не загубија ниту еден натпревар, а круната ја бранат Американците.

Дуелот меѓу Франција и дрим тимот на Грег Попович е највозбудлив од првата нокаут фаза. Полска и Чешка во оваа фаза се дебитанти и целосни аутсајдери. 

Четвртфинале:
Вторник:
СрбијаАргентина (13:00 часот)
Шпанија – Полска (15:00 часот)

Среда:
САД – Франција (13:00 часот)
Австралија – Чешка (15:00 часот)

Големото финале на програмата е в недела попладне по средноевропско време.